Суматра
Топографија на Суматра | |
Географија | |
---|---|
Место | Југоисточна Азија |
Координати | 0°00′N 102°00′E / 0.000° СГШ; 102.000° ИГД |
Архипелаг | Големи Сундски Острови |
Подреденост по површина | 6 |
Највисока точка | Керинчи |
Држава | |
Индонезија | |
Покраини | Ачех, Бенкулу, Џамби, Лампунг, Ријау, Западна Суматра, Јужна Суматра, Северна Суматра |
Најголема населба | Медан (pop. 2.392.922 (2003)) |
Демографија | |
Население | 45 млн (2005) |
Етнички групи | Ачеси, Батаци, Минангкабау, Малајци |
Суматра (индонезиски: Sumatera) е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Најмногу имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.
Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра (3.805 метри). Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источната половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е оддалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.
Цунами со височина од 15 метри, произлезено од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено покраината Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.
На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлоатира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.
Природа
[уреди | уреди извор]На Суматра живеат 201 вид на цицачи и 580 видови на птици. На островот има 9 ендемски видови на цицачи и уште 14 на околните острови. Од тие видови највеќе се истакнуваат: суматрански тигар, суматрански орангутан, суматрански носорог, суматрански слон, малајски тапир, овошен лилјак и други. Има и 17 ендемски растителни видови (најголемиот цвет на светот: Rafflesia arnoldii).
На островот постојат 10 национални паркови од кои три припаѓаат на списокот на Светското културно наследство.
Покраини
[уреди | уреди извор]Суматра е поделена на 10 покраини, од кои само Ачех има статус на посебен регион.
- Ачех (северозапад), главен град Банда Ачех
- Бангка Белитунг (2 острова во близина на Борнео), Панкалпинанг
- Бенкулу (јужен брег), Бенкулу
- Џамби (центар-исток), Џамби
- Лампунг (југоисток), Бандар Лампунг
- Ријау Кепулауан (Ријау Острови), Танџунгпинанг
- Ријау (центар), Пеканбару
- Суматера Барат (средина на западниот брег), Паданг
- Суматера Суматан (југоисток), Палембанг
- Суматера Утара (северозапад), Медан
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Суматра“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Sumatra. |
(англиски)
0°00′N 102°00′E / 0.000° СГШ; 102.000° ИГД
|