Сисак
Сисак Sisak | ||
---|---|---|
Град | ||
Карта на Сисак | ||
Местоположба на Сисак | ||
Координати: 45°29′N 16°22′E / 45.483° СГШ; 16.367° ИГД | ||
Држава | Хрватска | |
Жупанија | Сисачко-мославинска жупанија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Кристина Икиќ Баничек | |
Површина | ||
• Град | 422,75 км2 (16,322 ми2) | |
• Метро | 989,50 км2 (38,200 ми2) | |
Надм. вис. | 98 м | |
Население (2011) | ||
• Град | 47,768 | |
• Густина | 0,0.011/км2 (0,0.029/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 44000 | |
Повик. бр. | 044 | |
Мреж. место | http://www.sisak.hr/ |
Сисак — град во централниот дел на Хрватска. Се наоѓа на сливот на реките Купа, Сава и Одра, 57 километри југоисточно од хрватскиот главен град Загреб. Вкупното население на општината во 2011 година изнесува 47.768 од кои 33.322 живеат во градот.
Сисак е административен центар на Сисачко-мославинска жупанија, најголемото речно пристаниште на Хрватска и центар на индустријата за речен превоз. Се наоѓа на главниот пат од Загреб-Сисак-Петриња (M12.2) и железничката линија Загреб-Сисак-Суња. Сисак е регионален економски, културен и историски центар. Најголемата рафинерија за нафта во Хрватска се наоѓа тука.
Историја
[уреди | уреди извор]Триаголната тврдина од 16 век во Стариот град, добро сочувана претворена во народен музеј, е главно одредиште за секој турист. Тврдината е симбол за победа на здружување на силите на Хрватите и Корушјаните (Словенците) во текот на османлиското владеење во 1593 година, позната како Битката на Сисак. Тоа беше еден од првите значајни порази на дотогаш непобедливата турската армија на европска територија. Хрватот Тома Бакач Ердеди кој ги предводеше Хрватите во оваа битка стана познат во цела Европа.
Барокната палата Мали Капитол, класичарот Велики Капитол, Стари мост во течението на Купа, и етнолошкиот парк се најпосетувани знаменитости.
Кон крајот на 19 и почетокот на XX век, Сисак беше седиште на Загрепската жупанија во Кралството Хрватска и Славонија.
Од 1929 до 1939 година, Сисак беше дел од Савската бановина и 1939-1941 од Бановина Хрватска во рамките на Кралството Југославија.
За време на Втората светска војна, Сисак беше место на детскиот концентрационен логор кој беше дел од големиот кластер Јасеновац. Сисачката синагога, која е изградена во 1880 година, денес служи како музичко училиште.
Сисак претрпе многу штета за време на хрватската војна за независност во почеток на 1991 година. Додека Сисак остана во хрватски раце, територијата јужно од градот била контролирана од страна на Србите, кои често го бомбардираа градот неселективно, предизвикувајќи голем број на цивилни жртви. Заканата за Сисак беше отстранета во 1995 година по операцијата Бура. Помеѓу 1991 и 1992 година, 24 српски цивили беа убиени во Сисак.
Демографија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Сисак“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Портач за вести
- Радио Сисак
- Сисак туризам
- Фото галерија на Сисак Архивирано на 15 декември 2014 г.
|
|