[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

AllMusic

Од Википедија — слободната енциклопедија
AllMusic

Логото на AllMusic
Вид место
семрежна база на музички албуми, музичари и песни; вклуч. рецензии и биографии
Достапно наанглиски
СопственикAll Media Network, LLC
СоздавачМајкл Ерлевајн
АдресаAllMusic.com
Место на Алексанагативен пораст 2.490 (април 2014)[1]
Комерцијалнода
Зачленувањенезадолжително

AllMusic[2] (порано: All Music Guide или AMG)[3]музички портал во сопственост на All Media Network, LLC, основано во 1991 г. од архвиварот на популарна култура Мајкл Ерлевајн како водич за потрошувачите. Следната година е објавено првото прирачно дело. Кога првпат излегло на семрежјето?, AMG било поставено на основа на протоколот Gopher, пред воведувањето на светската пајажина. Во подоцнежниот дел на 2007 г., AMG прешло во рацете на претпријатието Macrovision (сега Rovi) за 72 милиони долари.[4]

Во јули 2013 г. Rovi ги продале владенијата на AMG — AllMusic.com, AllMovie.com и AllGame.com на претпријатието All Media Network, LLC.[5], кое пак е создадено од првичните основачи на SideReel.com и Ackrell Capital.[6]

All Media Network, LLC има седишта во Сан Франциско и Ен Арбор, САД.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Базата на податоци на AllMusic е лиценцирана и се користи во наплатните системи на некои продавници. Ги опфаќа следниве поединости:

  • Основни податоци: имиња, жанрови, учесници, авторскоправни податоци, броеви на производи.
  • Описна содржина: стилови, тонови, расположенија, теми, националности.
  • Односна содржина: влијанија од слични музичари и албуми.
  • Уредничка содржина: биографии, рецензии, котирање.

AllMusic тврдат дека ја имаат најголемата дигитална музичка база со околу 6 милиони песни, како и најголемата библиотека на омоти (преку половина милион).

Нивната база се користи во неколку поколенија на преслушувачите Windows Media Player и Musicmatch Jukebox за распознавање на музичките содржини и нивно организирање. Windows Media Player 11 и составната музичка продавница MTV Urge ја имаат проширено употребата на податоци од AllMusic со поврзани музичари, биографии, рецензии, изведбени списоци и други податоци.

AllMusic се користи како извор на каталожни податоци, биографии на музичари, рецензии на албуми, информации за поврзани музичари, изведбени списоци и други информации на музичките продавници iTunes Music Store, Zune Marketplace, Zune player, eMusic, AOL, Yahoo!, Amazon.com и други. AllMusic исто така претставува основа на базта Naim Extended Music на изведувач Naim HDX.

In 2011 г. Rovi известиле дека AllMusic, заедно со AllMovie and AllGame имаат три милиони поединечни посетители месечно.[7]

Признанија

[уреди | уреди извор]

Во август 2007 г., списанието PC Magazine го вброило AllMusic во списокот на „Најдобри 100 класични мрежни места“.[8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Allmusic.com Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2020-08-01. Посетено на 2014-04-01.
  2. „AllMusic FAQ“. All Media Network, LLC. Посетено на March 29, 2014. ©2014 AllMusic, a division of All Media Network, LLC
  3. „AllMusic“. Посетено на July 20, 2012.
  4. „Macrovision Corporation, acquired All Media Guide Holdings, Inc“. Mandasoft. December 17, 2007. Посетено на June 18, 2012.
  5. „Rovi Corporation Reports Second Quarter 2013 Financial Performance Announces Agreements to Sell Rovi Entertainment Store and Consumer Website Businesses“. Rovi. July 21, 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-18. Посетено на October 18, 2013.
  6. „Digital Entertainment Veterans Launch 'All Media Network' to Perfect Digital Media Discovery“. BusinessWire. December 3, 2013. Посетено на December 3, 2013.
  7. Bruno, Anthony (February 28, 2011). „AllMusic.com Folding Into AllRovi.com for One-Stop Entertainment Shop“. Billboard. Посетено на June 15, 2013.
  8. Heater, Brian (August 13, 2007). „Top 100 Classic Websites – AllMusic – Slideshow from pcmag.com“. PCmag.com. Архивирано од изворникот на 2017-03-29. Посетено на September 24, 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]