[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Свахилски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свахилски јазик
Kiswahili
Застапен воТанзанија Танзанија
Кенија Кенија
Уганда Уганда
Руанда Руанда
Бурунди Бурунди
Демократска Република Конго Демократска Република Конго
Сомалија Сомалија
Оман Оман
Комори Комори (заедно со Мајот)
Мозамбик Мозамбик
ГоворнициПрв јазик: 5-10 милиони
Втор јазик: 80 милиони[1]  
Јазично семејство
Статус
Службен воАфриканска Унија
Кенија Кенија
Танзанија Танзанија
Уганда Уганда
Регулативен органBaraza la Kiswahili la Taifa (Танзанија)
Јазични кодови
ISO 639-1sw
ISO 639-2swa
ISO 639-3Разни:
swa — свахили (општ)
swc — конго свахили
swh — свахили (специфичен)
Подрачјата каде што свахили се зборува како мајчин јазик (темнозелено), официјален или национален јазик (средно зелено) и трговски јазик (светлозелено). Како трговски јазик, се протега уште посеверозападно.

Свахилски, свахили или кисвахилијазик од групата на банту јазици и мајчин јазик на народот Свахили. Јазикот се зборува од различни заедници во регионот на Африканските Големи езера и во делови од Југоисточна Африка, поточно во делови во Танзанија, Кенија, Уганда, Руанда, Бурунди, Мозамбик и ДР Конго.[2] Сроден јазик на свахилскиот е коморскиот јазик, кој понекогаш се смета за еден од дијалектите на свахилскиот јазик.

Иако само околу 5 милиони луѓе го зборуваат јазикот како мајчин јазик,[3] тој е лингва франка во Источна Африка. Вкупниот број на луѓе што го зборуваат јазикот надминува над 140 милиони.[4] Јазикот е службен во Танзанија, Кенија и Уганда и признат е како еден од службените јазици на Африканската Унија.

Дел од зборовниот фонд на свахилскиот е по потекло од арапскиот јазик, како директна последица на контактите на Свахилите со Арапите. Покрај арапскиот, јазикот црпел зборови и од англискиот, францускиот, германскиот и португалскиот јазик.

  1. L Marten, "Swahili", Encyclopedia of Language and Linguistics, 2nd ed., 2005, Elsevier
  2. Prins 1961
  3. Peek, Philip M.; Kwesi Yankah (2004). African folklore: an encyclopedia. Taylor & Francis. стр. 699. ISBN 0-415-93933-X.
  4. Irele 2010

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Речници и граматика:

Учете свахили: