Роман (град, Бугарија)
Изглед
Роман Роман | |
---|---|
град | |
Училиште „Петко Славејков“ во Роман | |
Местоположба на Роман во Бугарија | |
Координати: 43°8′48.46″N 23°55′34.62″E / 43.1467944° СГШ; 23.9262833° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Роман |
Управа | |
• Градоначалник | Валери Ролански (АБВ, СДС, Атака) |
Површина | |
• Вкупна | 15,871 км2 (6,128 ми2) |
Надм. вис. | 178 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2,668 |
• Густина | 170/км2 (440/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3130 |
Повик. бр. | +359 09123 |
Мреж. место | roman.egov.bg |
Роман (бугарски: Роман) — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската област. Градот е административен центар на општина Роман. Има население од околу 2.668 жители (2022).[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Градот е сместен непосредно до влева на реката Мали Искар во реката Искар. Отстои на 42 километри источно од регионалниот центар град Враца и на 29 километри источно од градот Мездра.
Историја
[уреди | уреди извор]За првпат Роман е споменат во отомански даночен регистар од 1430 г. Името на градот доаѓа од средновековна римска тврдина, денес таа е скоро уништена.
Од 1897 г. има станица на железничката пруга Софија - Варна. Центар е на општината Роман од нејзиното основање на 1 август 1934 г. Има статус на град од 4 септември 1974 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
„Роман (град, Бугарија)“ на Ризницата ? |