[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Реинион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реинион
La Réunion
Знаме на РеинионГрб на Реинион
Гесло: Florebo quocumque ferar
Земја Франција
ПрефектураСен Дени
Департмани1
Управа
 • Претседател на Регионалниот советДидје Робер
Површина
 • Вкупна2.511 км2 (970 ми2)
Население (јануари 2018)[1]
 • Вкупно865,826
 • Густина0,34/км2 (0,89/ми2)
ДемонимRéunionese
Час. појасRET (UTC+04)
ISO 3166RE
БДП (2016)[2]во земјата
Вкупно&1000000000000019200000019,2 млј 
По жител&1000000000000002239999922,400 
NUTSFRY4
Мреж. местоPrefecture
Regional Council
Departmental Council

Реинион (француски: La Réunion, претходно Остров Бурбон) — остров и француска територија (прекуморски регион) во Индискиот Океан источно од Мадагаскар, југозападно од Маврициус, со површина од 175 км2. Државното знаме на Реинион е француското знаме. Бројот на жители изнесува 865.826 (2018). Реинион е првото место каде што било употребено еврото, бидејќи островот е позициониран 3 часа пред средноевропското време. Шеќерната трска претставува околу ⅔ од вкупниот извоз на Реинион.

Историја

[уреди | уреди извор]
10 центи од 1816, Остров Бурбон

Не е многу познато за историјата на Реинион пред доаѓањето на Португалците на почетокот на 16 век.[3] Арапските трговци го нарекувале Дина Моргабин.[4] Островот веројатно бил назначен на мапа уште во 1153 од страна на Мухамед ел-Идриси. Островот можно е да бил посетен од страна на свахили или австронезиски (древни индонезиско-малезиски) морнари на нивното патување на запад од Малајскиот архипелаг до Мадагаскар.[3]

Првото европско откритие на областа беше направено околу 1507 од страна на португалскиот истражувач Диогу Фернандес Переира, но спецификите се нејасни. На ненаселениот остров можеби најпрво стигнала експедицијата предводена од Педру ди Машкарењаш, кој го дал своето име на групата острови околу Реинион, Маскарените.[5] Самиот Реинион бил наречен Санта Аполонија,[4] што сугерира дека датумот на португалското откритие веројатно бил на 9 февруари, ден кога се празнува омилената светица. Диогу Лопес де Секеира пристигнал на островите Реинион и Родригес во 1509 г.

До почетокот на 1600-тите, номиналното португалско владеење ја напуштило Санта Аполонија практично недопрена.[6] Островот бил заземен од Франција и управуван од Порт Луј, Маврициус. Иако станал француска територија уште од 1638 година, кога Франсоа Кош и Саломон Губер стигнале на островот во јуни 1638,[7] островот официјално бил побаран од страна на Жак Прони од Франција во 1642, кога тука депортирал десетици француски бунтовници од Мадагаскар. Затворениците се вратиле во Франција по неколку години, а во 1649, островот бил наречен Бурбонски Остров во чест на тогашните француски владетели, Бурбонците. Колонизацијата почнала во 1665, кога Француската источноиндиска компанија ги испратила тука првите доселеници.[6]

Името "Реинион" било дадено на островот во 1793 година, со декрет на Националната Конвенција (избраното револуционерно конститутивно собрание) по падот на Бурбонците во Франција, а името го одбележува сојузот на Марсејските револуционери со Националната гарда во Париз, што се одржал на 10 август 1792 година. Во 1801, островот бил преименуван во "Остров Бонапарт", во чест на првиот конзул Наполеон Бонапарт. За време на Наполеоновите војни островот бил нападнат од ескадрила на Кралската морнарица предводена од комодорот Џозијас Раули во 1810 година, кој го користел старото име „Бурбон“. Кога островот и го вратиле на Франција на Виенскиот конгрес во 1815 година, островот го задржал името "Бурбон" до падот на обновените Бурбонци за време на Француската револуција од 1848 година, кога на островот уште еднаш му било дадено името "Остров Реинион "[6]

Статуа на Бертран Франсоа де Лабурдоне во Сен Дени

Од 17 до 19 век, француската колонизација, дополнета со увоз на Африканци, Кинези и Индијци како работници, придонела за етничката разновидност на населението. Од 1690 година, повеќето од неевропејци биле робови. Колонијата го укинала ропството на 20 декември 1848 година. Потоа, многу странски работници доаѓале тука да работат. Отворањето на Суецкиот Канал во 1869 година ја намалил важноста на островот како попатна станица на трговскиот кон Источните Инди.

За време на Втората светска војна, Реинион бил под власт на Вишискиот режим до 30 ноември 1942 година, кога слободните француски сили го презеле островот со уништувачот „Леопард“.

Реинион станал департман (Франција) на 19 март 1946 година. INSEE му бил доделен на Реинион (974) и регионален код 04 кога регионалните совети биле создадени во 1982 година во Франција, а прекуокеанските земји станале прекуокеански региони.

Во текот на околу две децении кон крајот на 20 век (1963-1982), 1.630 деца од Реинион биле преместени во руралните области на метрополата Франција, особено во Крез, наводно заради образование и можности за вработување. Таа програма била предводена од влијателниот политичар Галис Мишел Дебре, кој во тоа време бил пратеник за Реинион. Многу од овие деца биле злоупотребувани или обесправени од страна на семејствата со кои биле сместени. Познати како Децата на Крез, тие и нивната судбина излегле на виделина во 2002 година, кога едно од нив, Жан-Жак Мартиал, поднел тужба против француската држава за киднапирање и депортација на малолетник.[8][9]

Во 2005 и 2006 година, Реинион бил погоден од епидемија на чикунгуња, болест која се шири од комарци. Според Би-би-си Њуз, на 26 април 2006 година 255.000 луѓе на Реинион се заразиле со болеста.[10] Соседните острови Маврициус и Мадагаскар, исто така, страдале од епидемии на оваа болест во текот на истата година.[11][12]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Реинион е француски прекуморски регион и административно е поделен на 24 општини групирани во четири окрузи. Исто така е поделен на 49 кантони.[13]

Население

[уреди | уреди извор]
Манапани

Денешните етнички групи вклучуваат луѓе од Африка, Индија, Европа, Малгаши и Кинези. Сите етнички групи кои го сочинуваат островот се доселенички популации кои пристигнале на Реинион од Европа, Азија и Африка низ вековите. На островот не постојат домородци, како што првично било. Колку луѓе од секоја етничка заедница живеат во Реинион, не е точно познато, бидејќи пописот во Франција не поставува прашања за етничката припадност.[14] Овие популации се мешале уште од најраните денови на колонијалната историја на островот (првите доселеници се женеле со жени од Мадагаскар и со индопортугалското наследство), што резултирало мнозинското население да биде од мешана раса и култура ("креоли"). Според проценките, Белците сочинуваат околу една четвртина од населението[15] Малбарите сочинуваат повеќе од 25% од населението, а луѓето од кинеското потекло имаат околу 3%[16] Процентите за мешани луѓе и оние од афро-малгашко потекло варираат во зависност од проценките. Исто така, некои луѓе од виетнамски потекло живеат на островот, иако тие се многу малку[17][18][19]

Тамилите се најголемата група меѓу индиската заедница.[20] Заедницата на муслиманите на островот од северозападна Индија, особено Гуџарат, и на други места, најчесто се нарекуваат зараби.

Креоли (име дадено на оние родени на островот, без оглед на етничките потекло) го сочинуваат мнозинството од населението. Групи кои не се Креоли вклучуваат луѓе неодамна пристигнати од метрополитанска Франција (познати како zoreilles) и оние од Мајот и Коморите.

Верници во Реинион
Христијани
  
87,60 %
Муслимани
  
4,20 %
Без Религија
  
2,00 %
Хиндуисти
  
4,50 %
Будисти
  
0,20 %
Народна Религија
  
0,40 %
Други
  
1,10 %

Населението низ историјата

[уреди | уреди извор]
Година Население Година Население Година Население
1671 90 1830 101,300 1961 349,282
1696 269 1848 110,300 1967 416,525
1704 734 1849 120,900 1974 476,675
1713 1,171 1860 200,000 1982 515,814
1717 2,000 1870 212,000 1990 597,823
1724 12,550 1887 163,881 1999 706,300
1764 25,000 1897 173,192 2006 781,962
1777 35,100 1926 182,637 2011 828,581
1789 61,300 1946 241,708 2015 850,727
1826 87,100 1954 274,370 2018 865,826
Официјални податоци од INSEE од попис и проценка; проценките се покажани закосено.
Католичка црква Нотр-Дам-де-Неж во Силао

Религија

[уреди | уреди извор]

Доминантна религија е христијанството, особено римокатолицизмот, со единствена надлежност на римокатоличката епархија на Сен Дени-де-Ла Реинион. Верската проценка е дека христијаните се 84,9% од населението, по што следуваат Хиндусите (6,7%) и муслиманите (2,2%).[18] Поголеми

те градови, освен цркви имаат хиндуистички храмови и џамии.[21]

Географија

[уреди | уреди извор]
Реинион од вселената (слика на НАСА): Трите калдери, формирајќи вид на трилистна детелина, се видливи на сликата. Питон де ла Фурнез, на југоисток, е покриен со облак.

Островот е долг 63, а широк 45 км и опфаќа 2.512 км2. На источниот крај на островот се издига штитестиот вулкан Питон де ла Фурнез на 2,631 м надморска височина и понекогаш се нарекува сестра на хавајските вулкани поради сличноста на климата и вулканската природа. Избувнал повеќе од 100 пати од 1640 година наваму, и е под постојан надзор. Избувнал на 14 јули 2017 година.[22] За време на друга ерупција во април 2007 година, протокот на лава бил проценет на 3.000.000 м3 дневно.[23] Жешката точка која го напојува Питон де ла Фурнез ги создала и островите Маврициус и Родригес.

Вулканот Питон де Неж е највисоката точка на островот и се издига на 3.070 м надморска височина. Тој се наоѓа северозападно од Питон де ла Фурнез. Пропаднатите калдери и кањони се наоѓаат југозападно од планината. Додека Питон де ла Фурнез е еден од најактивните вулкани на Земјата, Питон де Неж е угаснат. Неговото име означува "врв на снеговите" но снежните врнежи на врвот на планината се ретки. Падините на двата вулкани се многу пошумени. Обработливата почва и градовите како главниот град Сен Дени се сконцентрирани на околните крајбрежни низини. Дел од западниот брег се одликува со систем на корални гребени.

Реинион, исто така, има три калдери: Сирк де Салази, Сирк де Цилао и Сирк де Мафат. Последната е достапна само пеш или со хеликоптер.

Питон де Неж, највисокиот врв (3,070 м) на островот Реинион


Мапа на Реинион според Кепеновата класификација на климата.

Климата во Реинион е тропска, но температурата е умерена. Времето е свежо и суво од мај до ноември, но топло и врнежливо од ноември до април. Нивоата на врнежи се разликуваат многу во рамките на островот, при што источниот дел е многу повлажен отколку западниот. Повеќе од 6 м3 дожд годишно паѓаат на некои делови на исток и помалку од 1 м3 годишно паѓа на западниот брег.[24] Реинион го држи светскиот рекорд на најмногу врнежи за 12-, 24-, 72- и 96-часовен период.[25]

Реинион има многу тропски и уникатни плажи. Тие честопати се добро уредени и опремени. Ермитаж — најобемна и најдобро зачувана лагуна на островот Реинион и популарна локација за нуркање.[26] Тоа е бела песочна плажа наредена со дрвја под кои месното население организира пикник. Плажата Бризан — добро познато место за сурфање, со многу спортски активности што се случуваат. Секој ноември тука се организира филмски фестивал . Филмовите се проектираат на голем екран пред толпата. Плажите во Букан Кано се опкружени со голем број ресторани. Етан-Сале на западниот брег е особено уникатна плажа, бидејќи е покриена со црн песок кој се состои од мали фрагменти базалт. Ова се случува кога лавата при контакт со вода, брзо се лади и се распаѓа во песок и фрагментирани остатоци од различна големина. Голем дел од остатоците се доволно мали за да се сметаат за песок. Гран Анс — тропска бела песочна плажа наредена со кокосови палми во јужниот дел на Реинион, со камен базен изграден за пливачи, плитко игралиште и област за пикник.[27]

Биоразновидност

[уреди | уреди извор]

Од 2010 година, Реинион е на списокот на Светското наследство на УНЕСКО и опфаќа околу 40% од островот и централната област на Националниот парк Реинион.[29]

Подводната лагуна Ермитаж, на Реинион. На сликата се гледаат видовите : Dascyllus aruanus, Ctenochaetus striatus, Chaetodon trifasciatus, Chaetodon trifascialis и Chaetodon melannotus

И покрај малата површина на коралните гребени, морската биоразновидност на островот Реинион е споредлив со другите острови во областа, што архипелагот на Маскаренските Острови го прави еден од десетте најважни подрачја на морска биоразновидност во светот[30]. На коралните гребени главно доминираат разгранетите корали со брз раст од видот Acropora (семејство Acroporidæ), каде живеат и се хранат бројни тропски видови.

Научните истражувања утврдиле 190 вида корали на Реинион[30], повеќе од 1 300 видови школки[31] 500 видови ракови[32], повеќе од 130 видови на ехинодерми и повеќе од 1000 видови риби.[33]

Во подлабоките води на островот Реинион има делфини, орки, грбави китови, сини китови и разни видови ајкули како: корални ајкули, булдог ајкул, тигарска ајкула, црна ајкула и бела ајкула. Тука живеат и неколку видовиморски желки.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Источната страна и најголемото пристаниште Ле Пор
Човек одбира бурбонска ванила

Во 2016 година, БДП на Реинион бил проценет на 19,2 милијарди евра (21,3 милијарди американски долари), а БДП по глава на жител изнесувал 22,400 евра (24,800 американски долари).[2] Шеќер традиционално се произведува и извезува. Туризмот е важен извор на приход.[34] Островот е добра локација за сателитски станици[35] и поморска навигација.[36]

Сектор на БДП во 2013 година (придонес на секој сектор во бруто додадена вредност):[37]

Сектор % од вкупниот БДП
Земјоделство шумарство и риболов 1.5%
Земјоделство и шумарство 1.1%
Риболов 0.3%
Рударство 0.0%
Производство 4.4%
Производство на храна

(од што: шеќер и рум)

1.8%

(0.4%)

Производство на нафта и јаглен 0.0%
Производство (не храна и не јаглен/нафта) 2.6%
Комуналии 1.8%
Градба 5.4%
Пазарни услуги 51.1%
Трговија на големо и мало 12.1%
Транспорт и складирање 3.5%
Сместување и храна 1.6%
Информација и комуникации 3.6%
Финансии и осигурување 3.9%
Недвижнини 15.2%
Професионални, научно-технички услуги 3.2%
Административни услуги 3.5%
Друго (забава, поправка и сл.) 4.4%
Непазарни услуги 35.9%
Јавна администрација и одбрана 10.9%
Образование, здравство, грижа за стари лица, градинки 24.9%

Невработеноста е главен проблем за Реинион, иако ситуацијата значително се подобрила од почетокот на 2000-тите: стапката на невработеност, која изнесувала над 30 отсто од раните 1980-ти до раните 2000-ти, се намалила на 24,1 отсто во 2007 година, а потоа се вратила на 29,6 % во 2011 година поради глобалната финансиска криза во 2008 година и последователната Голема рецесија, но од 2011 година повторно опаднала, достигнувајќи 22,4% во 2016 година,[38] најниско ниво за 40.[39] Во 2014, 40% од населението живеело под линијата на сиромаштија (дефинирано од INSEE како 60% од просечниот приход на метрополитанска Франција, во 2014 година линијата на сиромаштија за семејство од 2 родители и 2 мали деца изнесувала 2.064 евра (2.433 долари) месечно).[40]

Реинионската култура е мешавина (метисаж) на европски, африкански, индиски, кинески и островски традиции. Најраспространетиот јазик е реинионскиот креолски кој потекнува од францускиот.

Францускиот е единствениот службен јазик на Реинион. Иако не е службен, креолскиот е мајчин јазик на голем дел од населението и се зборува заедно со францускиот. Креолскиот се користи неформално и усно во некои административни канцеларии, додека службениот јазик на која било административна канцеларија, како и образованието е на француски,

Поради разновидната популација, други јазици исто така се зборуваат како коморски јазик (особено Шимаоре), малгашки од неодамнешните имигранти од Мајот и Мадагаскар, мандарински, хака и кантонски од страна на членовите на кинеската заедница, но помалку луѓе зборуваат овие јазици како помлади генерации почнуваат да разговараат на француски и на креолски. Има значителен број на говорници на индиски јазици претежно на тамилски, гуџаратски и урду. Арапскиот јазик се изучува во џамиите и го зборува мала заедница на муслимани.

Постојат два музички жанрови кои потекнуваат од Реинион:

  • Сега, кој потекнува од порано и е традиционален во Маврициус, Родригес и Сејшели и
  • Малоја, кој потекнува од 19 век и се наоѓа само во Реинион.

Моринг е популарна боречка вештина сличен на капуера. Реинион има голем придонес за светското професионално сурфање. Тоа е дом на познати сурфери, вклучувајќи ги Џереми Флорес, Џоан Деај и Џастин Мовен.

Од 1992 година, Реинион бил домаќин на голем број ултрамаратони под заедничко име на Grand Raid. Од 2018 година, има четири различни трки: Дијагонала на Лудите, Бурбонска Патека, Маскарени и Патека Земброкал.[41]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. INSEE. „Estimation de population par région, sexe et grande classe d'âge - Années 1975 à 2018“ (француски). Архивирано од изворникот на 2018-07-24. Посетено на 27 January 2018.
  2. 2,0 2,1 „Gross domestic product (GDP) at current market prices by NUTS 2 regions“. Eurostat. Посетено на 2018-03-12.
  3. 3,0 3,1 Allen, Richard B. (14 October 1999). „Slaves, Freedmen and Indentured Laborers in Colonial Mauritius“. Cambridge University Press – преку Google Books.
  4. 4,0 4,1 Tabuteau, Jacques (1987). Histoire de la justice dans les Mascareignes (француски). Paris: Océan éditions. стр. 13. ISBN 2-907064-00-2. Посетено на 2011-06-11.
  5. Moriarty, Cpt. H.A. (1891). Islands in the southern Indian Ocean westward of Longitude 80 degrees east, including Madagascar. London: Great Britain Hydrographic Office. стр. 269. OCLC 416495775.
  6. 6,0 6,1 6,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Hydro2692.
  7. „| Journal de l'île de la Réunion“. Clicanoo.re. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2013-03-12.
  8. Jean-Jacques Martial (2003). Une enfance volée. Les Quatre Chemins. стр. 113. ISBN 978-2-84784-110-7. Посетено на 2012-09-13.
  9. Géraldine Marcon: CHRONOLOGIE : L'histoire des enfants réunionnais déplacés en métropole on francebleu.fr.
  10. „Island disease hits 50,000 people“. BBC News. 2 February 2006. Посетено на 2007-08-18.
  11. Beesoon, Sanjay; Funkhouser, Ellen; Kotea, Navaratnam; Spielman, Andrew; Robich, Rebecca M. „Chikungunya Fever, Mauritius, 2006“. 14 (2): 337–338. doi:10.3201/eid1402.071024. PMC 2630048. PMID 18258136. Архивирано од изворникот на 2013-05-04. Посетено на 2018-12-13. Наводот journal бара |journal= (help)
  12. „Madagascar hit by mosquito virus“. BBC News. 6 March 2006. Посетено на 2007-08-18.
  13. „Insee - Code Officiel Géographique“. Insee.fr. Посетено на 6 May 2009.
  14. Bollée, Annegret (2015). „French on the Island of Bourbon (Réunion)“. Journal of Language Contact. 8 (1): 91. doi:10.1163/19552629-00801005.
  15. Holm, John A. (1989). Pidgins and Creoles: References survey. Cambridge University Press. стр. 394. ISBN 0-521-35940-6.
  16. „Réunion“ (PDF). The Indian Diaspora. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-21.
  17. Clicanoo. „La Réunion Métisse“. Архивирано од изворникот на 2008-11-20. Посетено на 2018-12-14.
  18. 18,0 18,1 „Country Profile: Reunion (Department of Reunion)“. Архивирано од изворникот на 13 октомври 2007. Посетено на 13 октомври 2007.
  19. „Anthropometric evaluations of body composition of undergraduate students at the University of La Réunion“. 2006. Архивирано од изворникот на 22 мај 2013. Посетено на 21 август 2011.
  20. „NRI“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-21. Посетено на 2010-04-16.
  21. Peoples of Africa: Réunion-Somalia. Marshall Cavendish. 2001. стр. 412–. ISBN 978-0-7614-7166-0.
  22. Piton de la Fournaise on volcanodiscovery.com
  23. Thomas Staudacher (7 April 2007). „Reunion sees 'colossal' volcano eruption, but population safe“. AFP. Архивирано од изворникот на 9 April 2007. Посетено на 18 August 2007. (Семр. арх.)
  24. Jacques Libert. „la pluviométrie“. Pedagogie2.ac-reunion.fr. Архивирано од изворникот на 19 мај 2013. Посетено на 12 март 2013.
  25. „World Meteorological Organization: Global Weather & Climate Extremes“. Arizona State University.
  26. „Lagon de l'Hermitage“. Snorkeling Report. Посетено на 25 July 2020.
  27. Ocean, Indian. „The beaches of Réunion Island“. Snorkeling Report. Посетено на 15 November 2016.
  28. „Lunch at Plage de Boucan Canot“. Flickr. Посетено на 2016-11-15.
  29. „Pitons, cirques and remparts of Reunion Island“. UNESCO. Посетено на 30 July 2015.
  30. 30,0 30,1 „Biodiversité marine Réunion, Hot spot“. vieoceane.free.fr. Посетено на 2018-12-14.
  31. Jolivet-Lévy, Catherine. La Cappadoce. CNRS Éditions. стр. 116–119. ISBN 9782842720216.
  32. KEITH, P. (2002). „REVUE DES INTRODUCTIONS DE POISSONS ET DE CRUSTACÉS DÉCAPODES D'EAU DOUCE EN POLYNÉSIE FRANÇAISE“. Bulletin Français de la Pêche et de la Pisciculture (364): 147–160. doi:10.1051/kmae:2002008. ISSN 0767-2861.
  33. Alliot, Michel (1981). „L'État et la société en Afrique noire, greffes et rejets“. Revue française d'histoire d'outre-mer. 68 (250): 95–99. doi:10.3406/outre.1981.2286. ISSN 0300-9513.
  34. „Reunion Island Holidays“. Архивирано од изворникот на 2014-08-26. Посетено на 2018-12-14.
  35. „SEAS-OI, VIGISAT international success Réunion Island acquires an acquisition and processing system for high-resolution satellite images“ (англиски). Посетено на 3 April 2016.
  36. „Surveillance of maritime and terrestrial activities by radar“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-02-03. Посетено на 3 April 2016.
  37. „Comptes économiques définitifs de La Réunion“ (француски). INSEE. 2017. Посетено на 2018-03-13.
  38. „Unemployment rates by sex, age and NUTS 2 regions (%)“. Eurostat. Посетено на 2018-03-12.
  39. Célimène, Fred; Legris, André (2011). De l'économie coloniale à l'économie mondialisée - Aspects multiples de la transition (XXe et XXIe siècles). Paris: Publibook. стр. 179. ISBN 978-2-7483-7225-0.
  40. „Quatre Réunionnais sur dix vivent sous le seuil de pauvreté“ (француски). INSEE. 2017. Посетено на 2018-03-12.
  41. „The Grand Raid: 25 years of madness!“. La Réunion. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 20 August 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Управа
Општи информации