Мир
Мир е состојба кога на некоја територија не се води војна. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените (како на пр. Версајскиот мировен договор). Сепак, постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот (пр. војната меѓу Рим и Картагина)
Поим и историски развој
[уреди | уреди извор]Мирот можеме да го повреземе со спокој, хармонија, без конфликти, толеранција, дијлог. Мирот е спротивно од конфликт. Постојат многу теории и дефиниции за мирот. Според некои, мирот претставува слобода без препреки, спокој, хармонија, несебичен чин на љубовта. Според други, мирот е внатрешно задовлство ведрина, а за трети, состојба без насилства и зла. Во најширока смисла на зборот, мирот е состојба на хармонија, без никакви конфликти не само помеѓу луѓето, туку и помеѓу и природата.
Уште Старите Римјани се обидувале да го определат мирот. За нив мирот претставувал состојба без војни. Во седумдесеттите години од XX век, се појавила хипи-културата, за која „Мир во светот“ претставува една од главните пароли, најчесто употребувана против американскиот режим во однос на војната во Виетнам.
Мерење на мирот
[уреди | уреди извор]Според глобалниот индекс за мирот што го објавува Институтот за економија и мир, во 2016 година најдобро рангирани земји според мирот биле: Исланд, Данска, Австрија, Нов Зеланд, Португалија, Чешка, Швајцарија, Канада, Јапонија и Словенија. Во поглед на мирот и безбедноста, Хрватска била сместена на 26. место во светот, Бугарија го зазела 29. место, Србија 48. место, Албанија се наоѓала на 54. место, Косово на 77. место, а Македонија дури на 94. место.[1]
Мирот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Свеченоста на мирот“ — драма на германскиот писател Герхарт Хауптман.[2]
- „Мир низ вандализам“ (англиски: Peace Thru Vandalism) — музички албум на американската панк-рок група Вандалс (The Vandals) од 1982 година.[3]
- „Мир“ (англиски: Peace) — композиција на американскиот џез-музичар Орнет Коулмен (Ornette Coleman) од 1959 година.[4]
- „Мир — Почеток“ (англиски: Peace - A Beginning) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[5]
- „Мир — Крај“ (англиски: Peace - An End) — песна на King Crimson од 1970 година.[6]
- „Психоделична мировна ламба“ (англиски: Psychedelic Peace Lamp) — песна на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[7]
- „Мир“ (англиски: Peace) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Како се рангирани земјите според најновиот глобален индекс за мирот?“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 7.
- ↑ B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129.
- ↑ [htttps://www.discogs.com/master/124044-The-Vandals-Peace-Thru-Vandalism The Vandals – Peace Thru Vandalism (пристапено на 20.4.2024)]
- ↑ Ornette Coleman – The Shape Of Jazz To Come (пристапено на 18.2.2022)
- ↑ King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
- ↑ King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
- ↑ YouTube, Mental As Anything - Psychedelic Peace Lamp (пристапено на 6.7.2017)
- ↑ The Roots – Organix (пристапено на 31.1.2024)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|