[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Биологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Биолог)
Escherichia coli Молика
Молец Нилски крокодил
Биологијата го проучува широкиот диверзитет на животот — (надесно од горе лево) E. coli, молика, молец, нилски крокодил.

Биологија (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) — наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува одликите и поведението на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко-анатомска организација како и нивниот биохемиско-физиолошки строеж.

Историски развој на биологијата

[уреди | уреди извор]

Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Во врска со тоа, познавањето на човекот за живите суштества се проширува, а се стекнуваат сознанија и за условите во кои живеат живите суштества. Пред се, било потребно не само тие корисни растенија и животни да се распознаваат, туку и да се знае начинот на нивното размножување, како и поволните услови во кои тие најбрзо се размножуваат, растат и воопшто живеат. Сето ова укажува на фактот дека биологијата е многу стара наука. Меѓутоа, за воведување на терминот биологија, кое се случило на почетокот од XIX век од францускиот природонаучник Ламарк и германскиот научник Тревиранус, како и до развитокот на една единствена биолошка наука, можело да се дојде откако се дознало дека сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези со што суштински се разликуваат од неживата природа. Денес биологијата е толку многу развиена, што претставува комплекс од субнаучни дисциплини. Биологијата е природна наука која ги изучува живите организми - растенијата, животните, човекот и микроорганизмите. Во состав на биологијата се развиле посебни делови:ботаника,што ги проучува растенијата,зоологија што ги проучува животните и микробиологија, што ги проучува микрооргани

Поделба на биологијата

[уреди | уреди извор]

Биологијата се дел според неколку основни начела:

  • според предметот на проучување и нивото на биолошка организација на организмиите
  • според различните животни појави и проблеми што ги проучува кај растенијата и животните

Предмет на биолошките истражувања се растенијата и животните. И покрај општите белези на сите живи суштества, во најголем број случаи растенијата и животните значително се разликуваат меѓусебно. Поради тоа, според предметот на проучувањето биологијата е поделена на микробиологија, ботаника и зоологија, односно микробиологијата ги проучува најмалите организми - микроорганизмите, ботаниката ги проучува растенијата, додека зоологијата - животните. Но, овие субдисциплини на биологијата можат и понатаму да се делат, конкретизирајќи го предметот на проучување. Така, во ботаниката има:

А во зоологијата се среќаваат:

Според многубројните животни појави и проблеми, пак, биологијата е поделена на:

Биолошки методи на проучување

[уреди | уреди извор]

Најважни методи во биолошките научно-истражувачки работи се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]