Зеница
Изглед
Зеница[1] (латински: pupilla) или црнка[2] — дел од окото што е во средината на шареницата. Изгледа црно бидејќи поголемиот дел од влезната светлина се впива од ткивата во окото. Зеницата се отвора и затвора за да се регулира количината на светлина што стигнува до мрежницата.[3][4] Кај луѓето, зеницата е тркалезна, додека други видови, како што се некои мачки, имаат зеници со вертикален расек. Козите имаат хоризонтално ориентирани зеници, а некои сомови имаат прстеновидни зеници.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „зеница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црнка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Cassin, B. and Solomon, S. (1990) Dictionary of Eye Terminology. Gainesville, Florida: Triad Publishing Company.
- ↑ Malmström T, Kröger RH (January 2006). „Pupil shapes and lens optics in the eyes of terrestrial vertebrates“. J. Exp. Biol. 209 (Pt 1): 18–25. doi:10.1242/jeb.01959. PMID 16354774.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зеница“ на Ризницата ? |