[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Доцен палеолит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Доцниот палеолит (пред 40.000 – 10.000 години) траел до крајот на горниот плеистоцен, односно за време на најсилно изразените климатски осцилации на последниот леден период. Обележен е со појава на новиот хомо сапиенс сапиенс и нови технологии. Обработено камено орудије кое добива форма на сечиво, помало е од претходното, експлоатацијата на суровините е поекономична (оттаму за младиот палеолит се користи името лептолит). Започнува широка употрба на предмети изработени од животински коски, рогови и заби (од забите се правени шила, проектили, исфрлувачи на копја, украси).

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Кон крајот на младиот палеолит се јавуваат и многубројни технолошки иновации (лак и стрела, харпун, орудије од изделкан камен), нови стратегии за користење на ресурсите, риболов, собирање на школки, можеби и припитомување на кучиња. Орудието се изработува во многу поголем број на облици, кои одговараат за специфични намени. Но стиловите на изработка на орудието се разликуваат од регион до регион. Таа појава е условена покрај останатото, со порастот на општата популација, промените во еколошката сфера, неможноста на ловечко-собирачките заедници да си обезбедат опстанок и сопствена биолошка и социјална репродукција на начин практикуван со стотици илјади години. Решавањето на тој проблем одело двојно. Прво палеолитските заедници кои биле населени и степа се ориентираат на планска експлоатација на својата територија, воспоставувајќи постојани резиденцијални логори, од кои ги преземале ловечко-собирачките активности. Таквите походи однапред сè планираат, ресурсите интензивно се прибираат во кратки периоди, а вишокот се претвора во залихи кои обезбедуваат опстанок во месеците на немаштија. Подвижноста на групата сега е ограничена и тие се сè повеќе упатени на соработка со соседните заедници кои престојувале во истиот регион. Таквите заедници поминуваат низ процес на длабока социјални и технолошка интерграција, која археолошки јасно се гледа во наодите коишто се поврзани за култот(пред сè појавата на палеолитската уметност, еден од најважните белези на овој период).